Има значително зголемување на бројот на отворени нови работни места, во споредба со истиот период минатата година. Наскоро Министерството за труд и социјална политика, МТСП, ќе го презентира ефектот од сите досегашни мерки за вработување, заклучно со август оваа година. Како што најави министерот Диме Спасов, набрзо ќе се соопшти напредокот од сите мерки што се реализираа оваа година, вклучувајќи го и август, и ќе се направи споредба со минатата година. „Но, во секој случај постои значително зголемување на бројот на отворени нови работни места и вработувања за невработени лица кои активно бараат работа во текот на оваа година“, изјави Спасов. Последните податоци во однос на мерката за поттикнување на приватните компании да вработат млади и невработени лица до 29 години, со ослободување од плаќање придонеси за 12 месеци и со обврска да ги задржат на работа плус 12 месеци, покажуваат дека во моментот преку оваа мерка се вработени над 3.150 млади лица...
Има значително зголемување на бројот на отворени нови работни места, во споредба со истиот период минатата година. Наскоро Министерството за труд и социјална политика, МТСП, ќе го презентира ефектот од сите досегашни мерки за вработување, заклучно со август оваа година. Како што најави министерот Диме Спасов, набрзо ќе се соопшти напредокот од сите мерки што се реализираа оваа година, вклучувајќи го и август, и ќе се направи споредба со минатата година.
„Но, во секој случај постои значително зголемување на бројот на отворени нови работни места и вработувања за невработени лица кои активно бараат работа во текот на оваа година“, изјави Спасов.
Последните податоци во однос на мерката за поттикнување на приватните компании да вработат млади и невработени лица до 29 години, со ослободување од плаќање придонеси за 12 месеци и со обврска да ги задржат на работа плус 12 месеци, покажуваат дека во моментот преку оваа мерка се вработени над 3.150 млади лица. Оваа мерка започна да се спроведува во март оваа година.
Спасов го најави огласот за обуки за напредни ИТ вештини за невработени и посочи дека преку активните мерки за вработување досега се ангажирани над 3.400 лица. МТСП и Агенцијата за вработување во саботата објавија оглас за обука за напредни ИТ вештини, како дел од Оперативниот план за вработување во 2014 година. Имајќи ги предвид потребите на пазарот на труд бројот на овие обуки и на невработените што ќе ги посетуваат е двојно зголемен.
Програмите се за напредни комуникациски вештини и информатички технологии од ИТ секторот, кои посебно на младите ќе им овозможат да бидат поконкуретни на пазарот на трудот. Воведувањето на обуките спроведувани од професионални обучувачи е резултат на следењето на потребата од вештините и умеењата кои денес најмногу се бараат од работодавачите особено во информатичкиот, телекомуникацискиот, банкарскот и други сектори.
„Токму затоа бројот на обуките е двојно зголемен од лани, како и бројот на лица кои треба да се опфатат во нив, а тоа се 100 невработени лица од евиденцијата на активни баратели на работа во АВРМ. За реализација на оваа мерка предвидовме 8.305.800 денари“, изјави министрот Спасов.